Достапни линкови

Во некои рекански села никој не гласал до 15 часот


Село во Гора Река, општина Маврово - Ростуше

Веруваме дека до крајот на гласањето ќе има некој глас во кутиите, вели заменик претседателот на Општинската изборна комисија Харис Ибраими.

До 15 часот во некои села во регионот на Горна Река, Општина Маврово - Ростуше сè уште во гласачките кутии не е внесено ниту едно ливче, бидејќи не се излезени избирачите.

Ова за Радио Слободна Европа го изјави заменик претседателот на Општинската изборна комисија Харис Ибраими. Тој додаде дека станува збор за села со многу мал број на избирачи, за кои во две села има по еден гласачки одбор. Такви села според него се Тануше, Грекај Нипур и други.

„Сепак веруваме дека до крајот на гласањето ќе има некој глас во кутиите“, додава Ибраими.

Инаку, според Општинската изборна комисија, во општина Маврово и Ростуше до 15 часот процентот на излезени гласачи е 19,4 и гласањето се одвива без проблеми. Бројот на гласачите е 9.996 додека се гласа во вкупно 39 избирачки места. Во општината Маврово - Ростуше голем е бројот на печалбарите кои работаат и живеат во неколку земји на ЕУ. Тие поради пандемијата на овие десетти предвремени парламентарни избори не пристигнаа на гласање како на претходните избори. Според локалните власти, во општината над 60 отсто од населението е на печалба.

Кенан Мимидиноски

  • 16x9 Image

    Кенан Мимидиновски

    Кенан Мимидиновски, роден 1954 во Дебар. Завршил Правен факултет во Скопје, а со новинарство професионално се занимава 30 години. Најпрвин во Радио Дебар како новинар, а подоцна 12 години и како главен и одговорен уредник . Дописник на Радио Слободна Европа од Дебар е од 2001 година.

XS
SM
MD
LG