Достапни линкови

МВР постапува по пријавени настани поврзани со изборите


Гласање во Битола

Во Министерството за внатрешни работи денеска од 11 до 12 часот биле пријавени настани во врска со изборниот процес. Од МВР потенцираат дека се работи за добиени пријави по кои постапуваат, односно ја утврдуваат фактичката ситуација и откако ќе се утврдат фактите соодветно ќе информираат.

Пријавено било дека човек во Шуто Оризари ги убедувал соседите да гласаат за некоја партија и ги носел на гласање со кола.

Било пријавено дека десетина лица се движат околу гласачко место на Дижонска во скопски Чаир, но полицијата не затекнала такви луѓе.

Во Кочани било пријавено дека се врши агитација и дека некои луѓе евидентираат кој се движи кон гласачките места, дека се делат пари за гласање, дека во населбата Оризари гласачи се носат организирано на гласање, како и дека четири лица ги попречувале гласачите да го остварат своето право во населба Оризари.

Во Ранковце имало пријава за агитација.

Во Крива Паланка има пријава дека неколку лица ги фотографираат луѓето што влегуваат на гласачко место.

Во Ново Село е пријавено дека имало агитација.

МВР исто така соопшти дека по претходна пријава за нудење пари за гласање во Битола, не биле потврдени наводите. Не биле потврдени наводите ни дека имало агитација пред ОУ „Климент Охридски“ во Прилеп.

XS
SM
MD
LG