Достапни линкови

Во тетовскиот регион, Општина Тетово со најголема излезност


Од 84.454 граѓани, во Општина Тетово до 13 часот има најголема излезност од 20,52 отсто на 117 избирачки места од шесте општини на тетовското подрачје. Следат општина Јегуновце, која е најмала локална самоуправа по број на гласачи и општина Теарце со одѕив од 17,05 %.

Општина Брвеница има 16,34 отсто излезност од 15.534 граѓани, додека Боговиње има 15,07 %. Најмалку одзив на гласачите има во општина Желино каде од 23.926 граѓани до 13 часот гласале само 10,73 отсто.

XS
SM
MD
LG