Достапни линкови

Одѕивот на гласање до 11 часот, 11 насто


ДИК

Одѕивот на гласачите до 11:00 часот врз основа на податоците од Државната изборна комисија за 3.134 избирачки места од 3.480, во сите шест изборни единици, е 11 насто.

До 11 часот на гласање излегле 199.495 граѓани, соопшти на прес-конференција претседателот на ДИК Оливер Дерковски.

Во ИЕ – 1 одѕивот бил 13, 7 отсто, во Втората изборна единица 9,64 отсто, во ИЕ 3 одѕивот до 11 часот бил 13,08 отсто, во изборната единица четири одѕивот на гласачите бил 13,46 отсто, во Петата изборна единица одѕивот бил 10,55, и во Шестата изборна единица 6,04 отсто.

Право на глас на предвремените парламентарни избори имаат милион 814 илјади и 613 гласачи.

XS
SM
MD
LG