Достапни линкови

Голем одзив на гласањето во Битола


Илустрација, Битола

Пред повеќето избирачки места, во дворовите или ходниците, во Битола граѓаните чекаат во редици на дистанца за да го остварат своето гласачко право. Од повеќето избирачките одбори велат дека толку голем одзив во претпладневните часови не се памети во однос на претходните избори. До 9 часот на одредени избирачки места излезноста беше и до 17 проценти. Според ДИК, излезноста на ниво на општина Битола до 9 часот е10 проценти.

„ Очекуваме подобар живот, права за сите, да имаме работа, добар приход, да преживееме. Празник за земјава и треба овие избори да се демократски и праведни и сите на гласање да излеземе. Гласањето е според протоколите, се почитуваат мерките препорачани од здравствените власти, мислам дека денот ќе биде успешен“, велат битолчани.

Зоран Ѓуровиќ, заменик претседател на избирачки одбор на избирачко место 73 во Завод и музеј во Битола вели дека и претходно бил вклучен во изборни процеси, но толкава голема излезност немало претпладне како до сега.

„На избирачкото место 73 во Битола излезноста е доста голема. Од 1007 гласачи, до овој момент излезени се околу 160, околу 15 до 16 проценти. Досега немало ваква излезност, споредена со претходните пати е многу голема. Досега имаме најголема излезност во однос на претходни избори. Проблеми нема, сите гласачи се придржуваат кон протоколите, доаѓаат со маски, држат дистанца и во апсолутен ред минува гласањето“, рече Ѓуровиќ.

Во Битола гласаат 81488 гласачи на 169 гласачки места. Гласањето тече без проблеми.

XS
SM
MD
LG