Достапни линкови

Директорот на скопската зоолошка повикан во полицијата поради статус на Фејсбук за изборите


Гласачко ливче

Директорот на Зоолошка градина во Скопје, Ѓорѓи Галетановски, денеска бил повикан во полиција да даде исказ за објава на Фејсбук. Откако еден час давал изјави си заминал од полициската станица. Директорот на јавното претпријатие на Фејсбук напишал дека тие што ќе гласаат за една од партиите учеснички на изборите, треба да го пречкртааат зборот „Северна“ од гласачкото ливче. Доколку се интервенира на ливчето тоа станува неважечко

Денеска од ДИК повторија дека единствен начин на гласање е заокружување на бројката пред партијата за која некој сака да гласа, секоја интервенција со додавање или пречкртување на ливчето го прави неважечко.

Галетановски за порталот „САКАМДАКАЖАМ.МК“, изјави дека бил повикан од единицата за економски криминал да даде изјава. Тој вели дека коментарот на неговиот Фејсбук профил било шега, а тоа го кажал и при давањето изјава.

Во земјава веќе на сила е предизборен молк заради предвремените парламентарни избори.

XS
SM
MD
LG