Достапни линкови

Тачи и утре ќе дава исказ во Хаг


Претседателот на Косово, Хашим Тачи

Претседателот на Косово, Хашим Тачи денеска шест часа беше испрашуван од меѓународните обвинители за воени злосторства во Хаг. Тој потоа изјави дека цело време слушал само технички прашања кои му ги поставувале обвинителите и неговиот правен застапник. Тачи не даде други детали, освен тоа дека испрашувањето ќе продолжи и утре.

Специјалното обвинителство го повика Тачи да дојде во Хаг, откако беше обвинет за воени злосторства.

Претходно пред да влезе во зградата на Специјалниот суд, претседателот на Косово на новинарите им рече дека е подготвен за со соочи со новите предизвици, а во тоа ќе успее за својот син, семејството, својата земја.

„Никој не смее да ја менува историјата, ова е цената на слободата. Верувам во мир, вистина, помирување и правда. Верувам во дијалог и добри односи со сите соседи. Косово е приказна за успехот“, рече Тачи.

Тачи беше врвен командант на Ослободителната војска на Косово, кој водеше герилска војна за независност од Србија кон крајот на 90-тите. Специјален меѓународен суд го обвини Тачи и други поранешни борци за наводни воени злосторства од страна на ОВК, вклучувајќи убиства, киднапирање и тортура.

XS
SM
MD
LG