Достапни линкови

СПЦ со писмо до Ердоган за Аја Софија - Тоа е историска неправда


Српскиот патријарх Иринеј

Српската православна црква реагира на одлуката за промена на статусот на Аја Софија (Света Софија) во Истанбул. Српскиот патријарх Иринеј во писмо до турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган оценува дека враќањето на статусот на џамија е историска неправда. Тој вели дека тоа е непотребен политички чекор, кој е штетен и за меѓународниот углед на Турција и за односите меѓу христијаните и муслиманите во светот.

И Светиот синод на Грчката православна црква(ГПЦ) по вторпат реагираше на одлуката за црквата. ГПЦ изразува разочараност, силен протест и загриженост за претворањето на Света Софија во Истанбул во муслиманска џамија и простор за молитви на исламската религија.Во соопштението на ГПЦ се наведува дека со ова претворање, „споменикот од културно место станува точка на поделба“. Грчката црква ќе покрене активности со кои ќе бараат да се врати правилниот статус на Света Софија.

Аја Софија во Истанбул станува џамија

Аја Софија беше најголемата христијанска црква, изградена во шести век од Византијците, а во џамија беше претворена по османлиското освојување на Цариград, денешен Истанбул, во 1453 година. Статусот од верски објект во музеј беше променет со указ во 1934 година од тогашниот турски претседател Мустафа Кемал Ататурк.

XS
SM
MD
LG