Достапни линкови

До 15 часот гласале 340 лица со ковид-19 и во самоизолација


До 15 часот правото на глас за предвремените парламентарни избори го оствариле 340 луѓе со ковид-19 или во самоизолација. Гласањето засега се одвива без проблеми, изјави претседателот на Државната изборна комисија Оливер Деркоски.

Во меѓувреме, оваа бројка е зголемена за над стотина лица, но се чекаат официјални информации од општинските изборни комисии.

Најдоцна до 21 часот ќе се знае колкумина од лицата со ковид-19 или во самоизолација гласале.

Гласаат позитивните на ковид-19 и луѓе во изолација

За гласањето денеска беа пријавени 773 лица позитивни на ковид-19 или во самоизолација, но според последните податоци на ДИК објавени на нивната веб страница општинските изборни комисии прифатиле пријави на 711. Најмногу пријави за гласање на лица со ковид-19 и во самоизолација се прифатени во Ресен-60, потоа во Струга и во Тетово по 55, во Кичево и во Охрид по 34, во Сарај -32, во Куманово 31 и во Штип – 30.

Гласањето на овие лица го спроведуваат посебни изборни тимови составени од здравствени работници и претставници на политички партии и се спроведува под соодветни здравствени мерки.

XS
SM
MD
LG