Достапни линкови

Турција од Македонија бара поодлучни напори против структурите не ФЕТО


Една од примарните точки на агендата на Турција ќе биде борбата против структурите на движењето на исламскиот проповедник Фетулах Ѓулен во странство, изјави денеска амбасадорот на Турција во Македонија Хасан Мехмет Секизќок. Досега се екстрадирани над 120 припадници на оваа организација од повеќе 20 земји во Турција, рече турскиот амбасадор на прес-конференцијата организирана по повод турскиот празник 15 јули – Денот на триумфот на демократијата и националното единство.

Тој вели дека очекува од надлежните во Македонија конкретни напори против искоренувањето на постоењето на структурите на ФЕТО (кратенка од Фетулистичка терористичка организација, назив со кој Турција го именува движењето на Ѓулен ) во земјава.

„Впрочем постои заедничко разбирање помеѓу Турција и Северна Македонија во насока на зајакнување на борбата против тероризмот. Од особено значење е преку мерките кои ќе се преземат да се запрат дејствијата на структурите на ФЕТО и лицата поврзани со ФЕТО во Северна Македонија кои дејствуваат затскриени под превезот на образовни институции, компании, здруженија и медиуми“, рече турскиот амбасадор.

Тој информира дека до денес делумно или целосно се запрени активностите на училишта или курсеви за јазици поврзани со движењето на Ѓулен во 38 земји. Во 20-тина од овие земји училиштата се пренесени на Турската фондација МААРИФ, која има отворено нови училишта во вкупно 22 земји, вклучувајќи ја и Северна Македонија.

На 15 јули 2016 година во Турција беше извршен обид за државен удар. Турските власти обвинуваат дека зад обидот за пуч стојат Ѓулен и припадници на неговото движење инфилтрирани во Вооружените сили на Турција. При обидот за пуч загинаа 251 лице, а над 2.000 беа ранети.

XS
SM
MD
LG