Достапни линкови

Мигранти држеле во заложништво други мигранти во Ваксинце


Илустрација - Фотографија од кумановското село Ваксинце

Мигранти од Пакистан држеле во заложништво поголема група мигранти во селото Ваксинце поради, засега, се уште неутврдени причини, информираше МВР.

„Денеска, по претходно добиени сознанија дека во објект во село Ваксинце 2 непознати лица мигранти држеле поголема група на мигранти во заложништво, превземени се мерки и активности при што во напуштен објект се пронајдени 21 лице – мигрант од кои 2 сторитела од Пакистан кои се лишени од слобода и 19 оштетени лица – мигранти“, стои во извештајот на СВР Куманово.

Полицијата соопшти дека се работи на целосно расчистување на случајот и поднесување на соодветен поднесок.

XS
SM
MD
LG