Достапни линкови

19 години затвор за Ангела Ѓорѓиевска за убиството на Пинета Секондо Пино


Илустрација - Основно јавно обвинителство во Скопје го поднесе обвинението за Ангела Ѓорѓиевска на 19 септември 2019 година.

Затворска казна од 19 години денеска доби Ангела Ѓорѓиевска за убиството на Пинета Секондо Пино. Судијката Ленка Давитковска ја прогласи за виновна дека помогнала во извршување на убиството што се случи на 11 декември 2018 година, а неговото тело беше пронајдено во април 2019 година во атарот на селото Љуботен, пренесе МИА.

ОЈО Скопје го поднесе обвинителниот акт на 19 септември 2019 година, со кој ја обвини Ангела дека како соизвршител, задно со лицето А.Ф. го сторила кривичното дело – Убиство од член 123 став 1 од Кривичниот законик.

„Надлежен јавен обвинител во постапката докажа дека критичниот ден, обвинетата го повикала оштетениот, сега починатиот Пинета Секондо Пино, и договорила да се сретнат на насипот во населбата Ѓорче Петров. Таму веќе бил пристигнат и другиот осомничен со возило Опел Аскона, носејќи со себе огнено оружје – пушка. Тој го оставил неговото возило на насипот и седнал да управува со автомобилот Шкода со кое до насипот дошол оштетениот. На совозачкото место седнала обвинетата, додека оштетениот седнал на задното седиште. Тројцата се упатиле по обиколница кон атарот на селото Арачиново и во една нива започнале најпрвин вербална расправија, а потоа и тепачка. Во еден момент осомничениот со пушката го застрелал во главата оштетениот Пинета Секондо“, соопштија од ОЈО Скопје.

Според Обвинителството, обвинетата дала значително придонела за извршување на делото, така што овозможила да се сретнат, го повикала оштетениот, била присутна во моментот на неговото убиство, а потоа заедно со другиот осомничен го ставиле телото на починатиот во багажникот на возилото. Заедно тие се упатиле кон гробиштата во селото Сингелиќ, а потоа се движеле низ планината кон Љуботен. На едно место здогледале дупка, па обвинетата и нејзиниот соизвршител го оставиле телото во дупката, покривајќи го со крупни овални камења.

За осомничениот А.Ф. поради недостапност на органите на прогонот постапката е прекината. За негово пронаоѓање јавниот обвинител презема интензивни дејствија.

XS
SM
MD
LG