Достапни линкови

Телефонски линии и видео повици до ДИК за изборни прашања


Илустрација - Седница на ДИК

Портпаролот на ДИК, Адмир Шабани, денеска информираше дека за коментари и препораки од граѓаните, но и за други прашања поврзани со предвремените парламентарни избори кои почнаа денеска, активен е бесплатниот телефон 080055544, а за комуникација со граѓаните со оштетен слух и говор активен е телефонот 076488360 со видео повик.

Шабани соопшти дека за оваа потреба ќе се користи и веб страната на Државната изборна комисија, како и социјалните мрежи и Јутјуб каналот на Комисијата.

На овие избори право на глас имаат 1.814.263 гласачи. За прв пат се гласа во пандемија, три дена. Денеска гласаат позитивните на Ковид-19 и изолираните лица, утре гласаат изнемоштените, затворениците и раселените, а задутре сите останати.

XS
SM
MD
LG