Достапни линкови

Косово ги заострува мерките против Ковид-19


Косовскиот премиер Авдулах Хоти

Косовскиот премиер Авдулах Хоти најави дека во земјата ќе се воведат нови, поостри мерки за борба против пандемијата на Ковид-19, со тоа што на надлежните органи им се наложува „целосна ригорозност“ во однос на почитувањето на постојните мерки, како и нивно дополнување со нови мерки. По седницата на Советот за безбедност на Косово, Хоти информира дека не е одлучено да се прогласи вонредна состојба поради видното зголемување на бројот на заразени од новиот коронавирус, но не ја исклучи можноста тоа да се случи доколку продолжи актуелниот тренд на ширење на пандемијата и порастот на смртни случаи.

Унгарија забрани влез на патници од Западен Балкан поради ковид-19

“Неприфатливо е додека мерките се во сила да се организираат свадби и забави низ цело Косово. Принудени сме да ги забраниме целосно верските собири и ритуали. Во моментов одиме со ригорозни мерки на надзор и ја оставаме отворена можноста за прогласување вонредна состојба”, изјави Хоти. Само во последните три дена во Косово се регистрирани 615 нови случаи, со што вкупната бројка на заразени од појавата на епидемијата достигна до 4.715. Од нив, заклучно со вчерашните четири нови случаи, починале 101 заразен од новиот коронавирус.

XS
SM
MD
LG