Достапни линкови

Победа на Дуда на претседателските избори во Полска


Рафал Тшасковски и Анджеј Дуда

Актуелниот кандидат на Полска, Анджеј Дуда победи на претседателските избори, покажуваат резултатите од 99,97% од избирачките места. Оваа победа, како што наведува агенцијата Ројтерс, ќе им овозможи на владејачките националисти да ги продлабочат своите конзервативни реформи. Дуда, сојузник на владејачката партија, според податоците на Националната изборна комисија објавени во понеделникот, доби 51,2% од гласовите. Шефот на Комисијата на прес-конференција изјави дека преостанатите гласови што треба да се пресметаат нема значително да го променат резултатот Градоначалникот на Варшава, либералот Рафал Тшасковски кој е кандидат на најголемата опозициска партија, центристичката Граѓанска платформа доби 48,8% од гласовите.

Втор круг претседателски избори Полска - раскрсница кон ЕУ

Гласањето се одржа според строги регулативи. Гласачите мораа да носат маски и нараквици, да одржуваат безбедно растојание и да користат средства за дезинфекција на рацете. Тие користеа свои пенкала за означување на гласачките ливчиња. Дуда е поддржан од владејачката десничарска партија, додека Тшасковски градоначалникот на Варшава и поранешен пратеник на Европскиот парламент, ја претставува најголемата опозициска партија, Граѓанска платформа. Во првиот круг минатиот месец, Дуда освои 43,5 проценти од гласовите, наспроти 30,5 проценти на Тшасковски. Изборната комисија на Полска соопшти дека одѕивот до 17 часот бил околу 52 проценти, за четири поени поголем од првиот круг на гласање на 28 јуни.

Избори во Полска- се очекува победа на десничарот Дуда

Исходот на гласањето ќе ја оформува политиката на Полска барем до 2023 година, кога се закажани парламентарни избори. Реизборот на Дуда е клучен за напорите на партијата Закон и правда да ги зацементира контроверзните судски реформи. ЕУ ги критикуваше реформите, велејќи дека тие ги политизираат судовите во земјата. Тшасковски рече дека ќе го блокира законодавството за кое верува дека ќе ги поткопа демократските норми.

XS
SM
MD
LG