Достапни линкови

Лајчак:Дијалогот меѓу Белград и Приштина вратен на вистинскиот пат


Специјалниот претставник на ЕУ Мирослав Лајчак,

Дијалогот меѓу Белград и Приштина е вратен на вистинскиот пат, изјави денеска на прес конференција специјалниот претставник на ЕУ Мирослав Лајчак, по дваипол часовната видео средбата со српскиот претседател Александар Вучиќ и косовскиот премиер Авдулах Хоти.

„Драго ми е што можам да кажам дека по самитот во Париз и денешната средба, дијалогот за нормализирање на односите меѓу Белград и Приштина, со посредство на ЕУ, по 20 месеци се врати на вистинскиот пат,“ изјави Лајчак.

Тој истакна дека на состанокот биле договорени главните елементи на процесот и агендата на следната средба, што ќе се одржи во живо во четврток во Брисел.

Одржани се билатерални консултации на двете страни со министерот за надворешни работи на ЕУ, Жозеп Борел и специјалниот претставник Мирослав Лајчак.

XS
SM
MD
LG