Достапни линкови

Странски туристи во Грција ќе влезат само со негативен ПСР тест


Според одлуката што е објавена во грчкиот службен весник, туристите што ќе сакаат да ја посетат Грција ќе мора да имаат потврда на англиски јазик за негативен тест за ковид-19 направен 72 часа пред патувањето, од среда до 29 јули преку граничен премин Промахонас. Туристите, ќе треба во период од 72 часа пред патувањето да имаат направено молекуларен тест (PCR) во државна или приватна лабораторија, сертифицирана од надлежната служба на земјата, а резултатот да биде негативен. Во потврдата на англиски јазик, треба да бидат вклучени име и презиме и број на пасош или лична карта.

XS
SM
MD
LG