Достапни линкови

Изборниот процес стартува в понеделник


Предвремени парламентарни избори 2020 - Гласање по здравствен протокол поради Ковид-19

Први правот на глас ќе може да го исполнат в понеделник 716 граѓани кои се позитивни на коронавирус или оак се во самоизолација ќе може да гласаат од дома. До Општинските изборни комисии пристигнале преку 770 вакви барања, а од вкупно 80 општини во 57 ќе гласаат заболени од Ковид-19 и лица во самоизолација.

Според информациите од ДИК, се финализира комплетирањето на посебните избирачки одбори кои треба да го спроведат ова гласање, а се составени од тројца здравствени работници и претставници на политичките партии.

Во вторник, на 14 јули ќе гласаат болните, немоќните, хронично болните, лицата во затворите, во старските домови и во домашен притвор.

Според информациите од ДИК, од пријавени 9.499 болни, немоќни и хронично болни лица во ОИК прифатени се барањата на 8.852 лица кои согласно упатството на Комисијата поднеле соодветна медицинска документација за да докажат дека имаат потреба од гласање во сопствениот дом.

За споредба, на минатите избори пријавени за гласање биле само 3.540 болни и немоќни лица. На 15 јули в среда ќе се гласа на 3.480 избирачки места во шесте изборни единици во земјата.

XS
SM
MD
LG