Достапни линкови

Ковид-19 уби над половина милион луѓе


Луѓе со заштитни маски во Скопје поради пандемијата со Ковид-19

Ковид – 19 е причинител на смрт кај најмалку 560 илјади луѓе во светот од појавата на овој вирус во Кина кон крајот на минатата година, покажуваат светските статистички податоци. Најмалку 12 милиони случаи на инфицирани со коронавирусот се регистрирани во 196 земји и територии. Од нив речиси 7 милиони се оздравени. Но, ова не се конечните бројки со кои располага Светската здравствена организација и останатите органзиции кои собираат статистички податоци за оваа болест, затоа што дел од земјите тестираат само симптоматски или пак само тешки случаи на заболени од коронавирус, пишува новинската агеција Франс прес.

Најголем број на починати се евидентирани во САД каде што бројката изнесува 134097 починати од вкупно 3 184 722 инфицирани, додека по неа следува Бразил со вкупно 70 398 смртни случај од вкупно 1 800 827 заболени. Бројката на заразени од ковид-19 во Британија изнесува 44 650 починати, додека во Италија таа бројка достигна 34 938 починати.

Кина со исклучок на Хонгконг и Макао до денеска брои 83 илјади случаи вкупно, иако дел од земјите членки на СЗО се сомневаат во точноста на овој податок.

XS
SM
MD
LG