Достапни линкови

МОСТ со 900 набљудувачи на изборите


Архивска фотографија - Прес конференција на претседателот на МОСТ, Дарко Алексов

Граѓанската асоцијација МОСТ ќе ги следи предвремените парламентарни избори со близу 900 набљудувачи на 696 гласачки места избрани спооред случаен и репрезентативен примерок. Ќе бидат распоредени и исто толку набљудувачи со што ќе бидат покриени 20 проценти од вкупниот број на избирачки места на територијата на целата држава.

Како што информира на денешната прес-конференција претседателот на ГА МОСТ Дарко Алексов, набљудувачите ќе бидат статични и ќе ја следат постапката на гласање во текот на целиот ден. Ќе распоредат и 55 мобилни тимови со по двајца набљудувачи, кои ќе служат како логистичка поддршка на статичните набљудувачи, а ќе покриваат и избирачки места кои не се покриени со статично набљудување. Дополнително 80 ОИК ќе бидат покриени со набљудувачи, како и еден набљудувач во ДИК.

XS
SM
MD
LG