Достапни линкови

Од утре задолжителен ПЦР тест за влез во земјава од Србија, Црна Гора, БиХ и Косово


Полицаец на граничниот премин Табановце кон Србија

Од утре за влез во Македонија од Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина и Косово ќе биде задолжително да се приложи негативен ПЦР тест не постар од 72 часа.

Владата вечерва на седница го усвоила предлогот на Комисијата за заразни болести за задолжителен ПЦР тест при влез во државава од Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина и Косово, соопшти службата за односи со јавност на Министерството за здравство, од каде најавија повеќе детали во владиното соопштение по завршување на седницата.

Препораката што ја усвои изутрина Комисијата за заразни болести е донесена по разгледување на актуелната епидемиолошка состојба во наведените земји и согласно информациите добиени од медицинските власти во овие земји.

XS
SM
MD
LG