Достапни линкови

ДИК со симулација на безбедно гласање


Државна изборна комисија ДИК

Државната изборна комисија денеска ќе организира симулација на безбедно гласање со примена на сите мерки и здравствени протоколи на едно избирачко место. „Ќе биде опфатен целиот избирачкиот процес во реални услови. Почнувајќи од доаѓањето на граѓаните на избирачкото место, чекањето, влегувањето, дезинфекцијата, идентификација, се што е по закон, со посебна забелешка за сите здравствени мерки кои треба да ги почитуваат граѓаните, но и самите изборни органи и домашните и странските набљудувачи, најави членот на ДИК Борис Кондарко. На настанот ќе бидат поканети медиуми, домашни и странски меѓународни мисии, посебно мисијата на ОБСЕ/ОДИХР, од Министерството за здравство, како и претставници на амбасадите. Ќе бидат поканети и учесниците на изборите односно политичките партии.

На 15-ти безбедно ќе се гласа, убедува Филипче

ДИК исто така најави дека граѓаните ќе можат да гласаат на изборите на 15 јули со пасоши чија важноста истекла од 18 март наваму, за време на вонредната состојба, имајќи предвид дека тие ќе имаат важност до 31 јули. Граѓаните на 15 јули нема да смеат да одат на гласање на парламентарните избори со маски на кои ќе има амблеми на политички партии, бидејќи тоа ќе се третира како агитирање на избирачко место што е забрането со закон, соопшти ДИК.

XS
SM
MD
LG