Достапни линкови

Бразилскиот претседател заразен со коронавирус


Бразилскиот претседател Жаир Болсонаро

Бразилскиот претседател Жаир Болсонаро изјави денеска дека е заразен со вирусот корона и додаде дека се чувствува добро откако ја примил терапијата. "Бев тестиран за вирусот на корона и тестирав позитивно. Имав температура од околу 38 степени. Лекарите ми дадоа хидроксихлорокин и антибиотик и се чувствувам подобро. Се чувствувам одлично.", рече 65 годишниот Болсонаро и додаде дека тој ќе продолжи да работи на Интернет.

СЗО: Земјите со сериозни епидемии на коронавирус да се разбудат

На крајот на март, бразилскиот претседател ја минимизираше сериозноста на коронавирусот, од кој околу 65.000 луѓе починаа во таа земја.

XS
SM
MD
LG