Достапни линкови

Мелбурн повторно во изолација


Илустративна фотографија.

Над пет милиони жители на Малбурн, кој е втор најголем град во Австралија, ќе бидат во изолација шест недели откако се зголеми бројот на случаи на коронавирус.

Премиерот на Викторија, регионот во кој се наоѓа Мелбурн, изјави дека изолацијата ќе започне на полноќ во среда и ќе трае најмалку шест недели.

„Не можеме да тврдиме дека кризата околу коронавирусот е завршена“, изјави Даниел Ендрус.

Одлуката доаѓа откако во Мелбурн беа регистрирани 191 нови случаи на коронавирусот во изминатите 24 часа.

„Ова е висока бројка“, рече тој додавајќи дека „никој не посакувал да биде во оваа ситуација. Знам дека заради тоа ќе бидат предизвикани штети“, рече Ендрус.

Граѓаните ќе можат да излезат од домовите само до продавница, ако вежбаат или за на работа. Повеќето од учениците ќе се вратат на учење од далечина, додека рестораните ќе послужуваат само храна за носење.

Вкупно во Австралија регистрирани се околу 9.000 случаи на коронависуе и 106 смртни случаи.

XS
SM
MD
LG