Достапни линкови

Возови се судрија кај чешко-германската граница


Чешкиот град Карлови Вари.

Два патнички воза се судрија во близина на Карлови Вари во западниот дел на Република Чешка, при што загинаа најмалку две лица и неколку други се повредени.

Локалните медиуми јавуваат дека чешките и германските служби за итни случаи реагирале со испраќање екипи на терен, вклучително медицински хеликоптери за третман и евакуација на жртвите од денешната несреќа.

Возовите се движеле во спротивни насоки во оддалечен шумски дел од патеката меѓу чешкиот град Карлови Вари и германскиот пограничен град Јохангеоргенштад во Саксонија, а несреќата се случила околу 3 часот попладне по локално време.

Сударот се случил околу 600 метри од железничката станица Пернинк, високо на планината Оре на чешко-германската граница.

Теренот и ограничениот пристап до патот наводно ги компликува напорите за спасување.

Чешката Телевизија го цитираше портпаролот на регионалните медицински власти Радек Хес како вели дека најмалку две лица загинале и 20 до 30 лица се повредени.

Други извори сугерираат дека бројот на загинати може да биде поголем и дека некои од повредените се во сериозна состојба.

XS
SM
MD
LG