Достапни линкови

Нови 120 случаи на Ковид-19, пет починати и 125 оздравени


Во последните 24 часа се направени 1367 тестирања, а регистрирани се 120 нови случаи на Ковид-19 во Скопје 63, Куманово 4, Дебар 6, Штип 4, Прилеп 2, Тетово 14, Струга 6, Велес 2, Битола 1, Охрид 4, Гостивар 12, Свети Николе 1 и во Кичево 1, соопшти Министерството за здравство.

Починати се 5 лица - Двајца пациенти од Скопје, еден од Куманово и двајца пациенти од Тетово, а Институтот за јавно здравје регистрирал и 125 оздравени лица.

„Досега во земјата се направени вкупно 69.426 тестирања на ковид -19. Денеска нема тестирања во рамките на скринингот. Вкупната бројка на Ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 7244, бројката на оздравени пациенти е 3324, на починати е 351, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3569„, соопшти Министерството за здравство.

XS
SM
MD
LG