Достапни линкови

Хелсиншки комитет: Инциденти, говор на омраза, работнички права...


Кризата несразмерно повеќе ги погоди работничките, Владата мора да обезбеди континуирана заштита на текстилните работнички за време на пандемијата, се регистрира говор на омраза во предизборие, како и зачестени инциденти од омраза мотивирани од политичка припадност, забележува Хелсиншкиот комитет во својот јунски извештај.

„Од почетокот на кризата во март 2020 година, Хелсиншкиот комитет редовно спроведува мониторинг на мерките на Владата, особено во контекст на почитување на темелните права во рамки на Поглавјето 23 – Правосудство и темелни права. Хелсиншкиот комитет во својот извештај за јуни особено дава осврт на спроведувањето на мерките и нивното директно влијание врз граѓаните. Слично како и за изминатите месеци и согласно со утврдениот тренд, вниманието треба да се насочи кон справување со социо-економската криза како резултат на пандемијата – заштита на маргинализираните заедници, соодветна имплементација на мерките, соодветен надзор и примена“, се наведува во Извештајот.

XS
SM
MD
LG