Достапни линкови

65.000 заштитни маски од ЕУ за С. Македонија, Хрватска, Србија и Црна Гора


Илустрација

Европската Унија денеска ќе направи нова испорака на хируршки маски ФФП2 за четири балкански земји, Северна Македонија, Хрватска, Србија и Црна Гора преку механизмот РескЕУ за хуманитарна помош и управување со кризи, јави МИА од Брисел.

РескЕУ е посебен механизам за брза реакција во итни ситуации, кој на почетокот на кризата со коронавирусот има улога да конституира резерви на медицинска опрема и да го координира нивното испорачување помеѓу земјите членки на ЕУ и земјите кои учествуваат во РескЕУ, меѓу кои е и Северна Македонија.

Еврокомесарот за управување со кризи, Јанез Ленарчич, изјави дека дополнителни 65.000 заштитни маски ќе им бидат испратени денеска на овие четири земји.

XS
SM
MD
LG