Достапни линкови

Роднина на Путин лидер на партија со антикорупциска цел


Роднина на рускиот претседател Владимир Путин, Роман Путин

Роднина на рускиот претседател Владимир Путин е избран да предводи политичка партија чија платформа се фокусира врз борба против корупцијата. Роман Путин, син на братучедот на рускиот лидер, Игор Путин, е избран за претседател на политичката партија „Луѓе против корупцијата“. Роман Путин, поранешен офицер на моќната Федерална служба за безбедност (ФСБ), којa ја водеше Путин во 90-тите години, изјави дека партијата ќе учествува на регионалните избори годинава и на националните парламентарни избори следната година.

Рускиот суд прогласи новинарка за виновна поради коментар

Опозицијата на Русија го обвини Путин дека дозволува широко распространета корупција за време на неговите скоро дваесет и една година на власт како претседател или премиер. Неколку пријатели на Путин од 90-тите станаа милијардери од неговото доаѓање на власт во 1999 година. Доминантната политичка партија на Русија - Обединета Русија - бележи пад на рејтингот во последните години, во услови на растечко незадоволство од стагнацијата на животниот стандард.

XS
SM
MD
LG