Достапни линкови

Мета: Иднината на Косово и Србија е во Европската Унија


Илир Мета

Албанскиот претседател Илир Мета, кој во континунитет го подржува дијалогот меѓу Косово и Србија, изјави дека иднината на двете земји е во Европската Унија.

„Иднината на Косово и на Србија мора да биде во Европската унија. Ова е јасно искажана цел од двете земји“, изјави Мета на денешната прес конференција.

Во врска со прашањето за промена на територии, Мета рече дека оваа идеја не служи за зајакнување на темелите на Обединета Европа.

„Без сомнение, во Европската унија секоја идеја за промена на границите е идеја која не служи за зајакнување на темелите на обединета Европа и многу е важно да се работи на примена на стандардите на ЕУ во двете земји. Воопшто не може да има трајно, мирно или европско решение, имајќи ги предвид не само границите, туку и граѓаните. Решението не е ни помалку Срби на Косово, ниту помалку Албанци во Србија,“ рече Мета.

По неговата средба со косовскиот премиер Авдулах Хоти, за време на неговиот престој во Тирана, Мета рече дека Албанија го подржува дијалогот Косово – Србија за нормализирање на односите меѓу двете земји и во тие рамки „се добредојдени напорите на САД и ЕУ“.

XS
SM
MD
LG