Достапни линкови

Филипче: Наесен заразата може посилно и побрзо да се шири


Министерот за здравство, Венко Филипче

Вирусот е тука и ќе остане очигледно подолго време. Мора да бидеме подготвени, да се подготви здравствениот систем и да се почитуваат мерките за заштита, изјави на денешната прес-конференција министерот за здравство Венко Филипче и додаде дека очекувањата дека вирусот ќе исчезне во текот на летото не се оствариле и дека има пикови на заразата.

Соред него, претпоставката е дека наесен заразата посилно и побрзо ќе се шири, а затоа се работи на подготовка на капацитетите за есенскиот период.

„Светот е далеку од крај на пандемијата. Во регионот на Балканот за 10 дена кризата ескалираше насекаде. Во Србија има над 300 случаи на ден, Бугарија над 150, Босна над 170, Хрватска 86, Црна Гора 57, Албанија 70, Косово 100 на ден. Насекаде има нов бран. Кај нас дојде порано, а сега во сите земји од опкружувањето главно како последица на попуштање на рестриктивните мерките и непочитување на мерките за лична заштита“, изјави Филипче.

Како што информираше министерот, во последните две недели има помалку нови и смртни случаи, а Р0 факторот на преносливост во последните два три дена е 1,1, додека во останатиот период е 0,9.

„Најголеми жаришта се Скопје и Тетово, и нешто помалку Гостивар“, рече Филипче.

Тој повтори дека голем процент од заболените доаѓаат во болница откако им е влошена состојбата и апелираше до граѓаните и на најмал сигнал за висрусот да се јавуваат на лекар.

Во последните 24 часа се направени 894 тестирања, а регистрирани се 78 нови случаи на ковид-19, петмина починати пациенти и 172 оздравени.

XS
SM
MD
LG