Достапни линкови

Избори во Хрватска- победа на ХДЗ, слаба излезност


Андреј Пленковиќ

На парламентарните избори во Хрватска, владејачката партија Хрватска демократска заедница (ХДЗ) на актуелниот премиер Андреј Пленковиќ оствари убедлива победа, а на второ место е нејзиниот најголем ривал, коалицијата Рестарт, предводена од Социјалдемократската партија (СДП).

Според првичните резултати на Државната изборна комисија, ХДЗ со своите коалициски партнери во некои изборни единици освоиле 67 мандати заедно со три мандати добиени во дијаспората, додека на коалицијата Рестарт и припаднаа 41 мандат.

На трето место се наоѓа Татковинското движење на Мирослав Шкоро со 16 мандати, следуваат Мост со осум, Можеме со седум, Партијата со име и презиме освои два, а Реформистите и ХНС по еден мандат. Уште осум пратенички места во Саборот им припаѓаат на националните малцинства.

Премиерот и лидер на ХДЗ, Андреј Пленковиќ синоќа им се зблагодари на сите кои гласале за неговата партија и оцени дека „демократија е кога граѓаните ја искажуваат својата волја во кој правец да се движи државата“.

На парламентарните избори во Хрватска, врз основа на 96 отсто од обработените избирачки места од страна на Државната изборна комисија, своето право на глас го искористиле 1.661.359 избирачи, односно излезноста била 46,68 отсто.

XS
SM
MD
LG