Достапни линкови

Украдени речиси милион евра од куќа во Скопје


Полиција. Илустрација.

Во куќа во Скопје, вчера биле украдени речиси милион евра. МВР соопшти дека сторителот насилно влегол во куќата и од една од собите одзел три кеси со 800 илјади евра, 60 илјади американски долари, 50 илјади швајцарски франци и еден милион денари.

Случајот, како што соопшти МВР, во СВР Скопје го пријавил 58 годишниот Ш.И. сопственик на куќата каде била извршена кражбата. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

XS
SM
MD
LG