Достапни линкови

Србите може во Грција на море само преку Бугарија


Плажа во Грција

Граѓаните на Србија можат да влезат во Грција само од Бугарија, преку граничниот премин Кулата - Промахонас, се наведува во денешниот билтен на грчкото Министерство за надворешни работи. Грција го обнови меѓународниот сообраќај на сите аеродроми, а отворени се и пристаништата Патрас и Игуменица.

Сите патници треба да потполнат онлајн образец (Passanger Locator Form) 48 часа пред тргнувањето за Грција, а образецот е достапен на апликацијата Visit Greece (Посетете ја Грција) и на интернет страницата travel.gov.gr.

На патници по слободен избор ќе им се прават тестови на коронавирус при влезот во земјата и ќе мора да ги следат директивите на Генералниот секретаријат за цивилна заштита.

Грција, во соработка со партнерите од ЕУ, го задржува правото да ја преиспита својата политика, врз основа на развојот на епидемиолошките податоци.

Советот на ЕУ вчера ги усвои препораките за постапно отворање на границите на ЕУ за државјани од 14 земји од 1 јули, меѓу кои се и Србија и Црна Гора.

На македонските државјани не им е дозволен влез во Унијата поради неповолната состојба со коронавирусот во земјата.

XS
SM
MD
LG