Достапни линкови

Денеска завршува референдумот за уставните измени во Русија


Москва - гласање на рефрендум за уставни измени

Гласањето на референдумот за измените на Уставот на Русија што потенцијално би можеле да му дозволат на претседателот Владимир Путин да остане на власт уште 12 години завршува денеска. Околу 110,5 милиони луѓе имаат право да гласаат на референдумот. Уставни реформи предизвикаа остри критики од опозицијата и групите за човекови права кои ги сметаат за обид за грабнувања на моќта од страна на претседателот Владимир Путин. 67-годишниот руски лидер веќе две децении е на власт како претседател или премиер.

Путин апелира до Русите да гласаат на референдумот

Доколку се одобрат уставните измени, се отвора патот тој да се кандидира повторно кога неговиот тековен мандат истекува во 2024 година, и повторно во 2030 година. Според сегашните правила, на Путин му е забрането да бара трет последователен шестгодишен мандат. На референдумот не е потребен минимален одѕив за да биде валиден. Но, аналитичарите сметаат дека Кремљ стравува дека нискиот одѕив би можело да го поткопа легитимитетот на уставните измени.

XS
SM
MD
LG