Достапни линкови

Отворени аеродромите, но со строги правила


Мерки за заштита и дезинфекција заради коронавирус на Меѓународниот аеродром Скопје

Скопскиот и охридскиот аеродром и официјално отворени по пауза од речиси триипол месеци. Патувањата ќе се одвиваат по нови правила. Патниците ќе треба да бидат 3 часа пред нивниот лет на аеродром, а маските се задолжителни. Секој патник ќе подлежи на мерење на телесна температура преку термална камера, а во чекалницата на аеродромот нема да е дозволено седење еден до друг за да се избегне ширењето на вирусот.

Грција ја продолжи забраната за влез на македонски државјани

Сомнителните патници, како што изјави министерот Венко Филипче ќе бидат преземени од екипите на Центарот за јавно здравје. Во аеродромските згради ќе можат да влегуваат само патниците. Семејствата и пријателите ќе мора да останат пред објектот.

XS
SM
MD
LG