Достапни линкови

Помпео ќе му се обрати на Советот за безбедност на ОН за Иран


Американскиот државен секретар Мајк Помпео

Американскиот државен секретар Мајк Помпео денеска ќе се обрати пред Советот за безбедност на Обединетите нации за да го образложи проширувањето на ембаргото за вооружување на САД врз Иран што треба да истече во октомври. Помпео ќе даде забелешки за време на јавниот брифинг на Советот, се вели во соопштението на американскиот Стејт департмент. Соединетите држави го притискаат Советот за безбедност на неодредено време да го продолжи ембаргото, потег што може да биде спречен поради најавеното ембарго од двете од петте постојани членки - Русија и Кина.

Интерпол нема да го апси Tрамп по налог на Иран

Помпео изјави дека се надева оти „целиот свет“ ќе ја разбере потребата за проширување на ембаргото. Соединетите држави во минатата недела официјално побараа од Советот да го продолжи ембаргото, кое се очекува да биде постепено олеснето во октомври под нуклеарниот договор во 2015 година меѓу Техеран и светските сили а кој Соединетите држави го напуштија.

XS
SM
MD
LG