Достапни линкови

Мицкоски повикан во полиција за случајот од „Боемска улица“


Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска е повикан на разговор во полициската станица Центар, пренесе МИА.

Од МВР потврдија дека во текот на денот се очекува Мицкоски да се појави во полиција за случајот кога од страна на инспектори беше затекнат како седи во внатрешноста на кафана во Дебар маало, иако тоа беше забрането поради ширење на Ковид - 19.

На 3 јуни годинава, раководителката на Одделението за инспекциски надзор Скопје, Мери Продановска, соопшти дека инспектори биле спречени да извршат контрола во угостителски објект на „Боемска улица“ во скопско Дебар Маало, како и дека додека инспекторите чекале да влезат, од објектот излегол претседател на политичка партија. Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Мицскоски, по случајот, изјави дека тој бил во внатрешноста на угостителскиот објект, бидејќи не ги знаел доволно протоколите.

XS
SM
MD
LG