Достапни линкови

ЕУ на донаторска конференција собра речиси 7 милијарди долари за борба со коронавирусот


Илустрација

Челниците на Европската унија кои беа домаќини на донаторска конференција за глобалната борба против Ковид19 соопштија дека собрале речиси седум милујарди долари за развој на вакцини, тестови и лекови за новиот коронавирус.

Претседателката на комисијата, Урсула вон дер Лејен беше домаќинка на самитот на кој вчера учествуваа светски лидери, а потоа следуваше и онлајн концерт со големи музички ѕвезди. Од комисијата соопштија дека и пред настанот собрале 10 милијарди евра за истата цел.

На онлајн самитот учествуваа германската канцеларка Ангела Меркел, францускиот претседател Емануел Макрон и други политичари и академици. На концертот пак настапија Шакира, Џастин Бибер, Ашер, Мајли Сајрус, Колдплеј и други.

XS
SM
MD
LG