Достапни линкови

Убиен маж на антирасистички демонстрации во САД


Архивска фотографија- паркот во Кентаки каде што со недели се протестира поради убиството на Бреона Тејлор

Во пукање во парк во Кентаки вчера, каде што со недели се одржуваат антирасистички демонстранции загина еден маж, а друг е повреден и се наоѓа во болница, но не е во животозагрозувачка состојба. Полицајците го расчистија местото на настанот и собираат информации за можните сторители, но засега нема извештаи за можни осомничени или уапсени, ниту, пак, за идентитетот на жртвите.

Паркот во Луисвил, пак, е место каде што се одржуваат протестите поради убиството на Бреона Тејлор која умре во март, кога инспектори упаднаа во нејзиниот дом во Луисвил да бараат осомничен дилер на дрога. Демонстрантите бараат полициските службеници кои биле инволвирани во пукањето да одговараат.

Инаку, Соединетите Американски Држави се соочуваат со расни тензии кои почнаа по убиството на афроамериканецот Џорџ Флојд минатиот месец кој почина во притвор. Претходно во текот на денот американските власти обвинија четворица мажи за поврзаност со различни инциденти на демонстранциите во Вашингтон месецов. Властите ги обвинија за уништување на федерален имот откако тие се обидоа да ја симнат статуата на претседателот Андрју Џексон во близина на Белата куќа. Еден од осомничените е уапсен, а сите четворица се соочуваат со казна од десет години затвор.

XS
SM
MD
LG