Достапни линкови

Чулев: криминални структури ќе бидат искористени за поткуп и притисок врз гласачите


Архивска фотографија- министерот за внатрешни работи Наќе Чулев

Министерството за внатрешни работи располага со оперативни информации кои говорат дека одредени криминални структури ќе бидат искористени за вршење поткуп и притисок врз гласачите и во таа насока МВР презема соодветни активности на терен, изјави министерот за внатрешни работи Наќе Чулев во гостување на ТВ Канал 5.

Чулев, сепак, очекува кампањата и изборите да поминат во фер и демократска атмосфера без провокации и нерегуларности.

„Очекувам изборите да бидат фер, мирни и демократски. Ги повикувам граѓаните да се воздржат од било каков поткуп, да не подлегнуваат на провокации од политичките партии или криминалните структури, бидејќи ќе бидат најстрого санкционирани, пардон нема да има“, изјави Чулев.

Изборната кампања почна неделава, а предвремените парламентарни избори ќе се одржат на 15 јули.

XS
SM
MD
LG