Достапни линкови

Висок дневен пораст на заболени од коронавирус во САД


Архивска фотографија- плажа во Флорида, една од државите кои регистрираа голем пораст на заболени од коронавирус

Соединетите Американски Држави вчера регистрираа рекорд во дневно откриени случаи на заболени од коронавирус, 40 000 лица, а неколку држави повторно ги заострија мерките поради влошувањето на ситуацијата.

Гувернерот на Тексас нареди да се затворат сите барови откако во таа држава има потврдени повеќе од 17 000 заболени во последните три дена, додека во Флорида е забрането пиењето алкохол во баровите откако во еден ден беа регистрирани 9000 новозаболени. Двете држави се меѓу оние кои ги стопираа одлуките за олеснување на мерките или пак повторно ги воведоа.

Гувернерот на Тексас Грег Абот, кој е од оние кои најсилно притискаа за отворање на затворената економија, вели дека растот на бројот на заболени е најмногу поради некој тип на активности, меѓу кои и собирањето по барови. Во Вашингтон, телото за справување со коронавирусот предводено од потпретседателот Мајк Пенс го одржа својот прв брифинг по речиси два месеца.

XS
SM
MD
LG