Достапни линкови

Границите отворени - На Табановце поминале над 3.000 патници


Македонско - српски граничен премин Табановце

На граничниот премин Табановце до 10 часот поминале вкупно 3.217 патници, соопштија денеска од МВР. Од нив во земјава се влезени 1.984 луѓе од кои 1.308 домашни и 676 странски државјани. Од државата излегле 1.233 патници, од кои 912 домашни и 321 странски државјани.

На двата гранични премина, на македонско – албанската граница кај Дебар, од полноќ до 14:00 часот минале 274 патници.

На граничниот премин „Блато“ поминале 254 лица, од нив за влез во државава 173 и тоа 22 македонски и 151 странски државјанин. За излез се регистрирани 81 патник, 35 македонски и 46 странски државјани. На Џепиште – Требиште, пак, поминале 20 патници, за влез 18 странски, а за излез двајца македонски државјани.

Денеска се отвораат границите, без тест и карантин

Владата на 72-та седница донесе одлука од денеска целосно да бидат отворени сите гранични премини за непречено движење на патници и возила без приложување на ПЦР тестови и без упатување во домашна изолација или спроведување во задолжителен државен карантин.

XS
SM
MD
LG