Достапни линкови

Се бара дислокација на депонијата Русино


Запален смет во депонијата Русино
Запален смет во депонијата Русино

Претставници на граѓанската иницијатива „Стоп Русино - чист воздух за Гостивар“ бараат да запре палењето на отпадот во депонијата Русино, а потоа и дислокација на депонијата. Деветте полошки општини веќе подолг период се обидуваат да создадат заедничко комунално претпријатие за да собира и менаџира со отпадот.

Честите пожари во депонијата Русино како и долгогодишното загадување на воздухот и почвата се причина за се поголем револт кај жителите на Гостивар и другите населени места кои се плашат за своето здравје поради последиците од несоодветниот третман со отпадот. Претставници на граѓанската иницијатива „Стоп Русино - чист воздух за Гостивар“ велат дека се подготвуваат за протести доколку се стабилизира состојбата со коронавирусот.

„Прво што бараме да се сопре горењето на Русино, а и се сомневаме дека Русино го палат намерно со цел да се намали отпадот. Друго што бараме, бидејќи Општината нема договор со другите општини како што е општина Тетово и така натаму. Значи да не се носи отпад во Русино од другите општини бидејќи таков договор нема и тоа се прави да речам на црно“, истакнува Валентина Штерјовска од иницијативата „Стоп Русино“.

Од иницијативата веќе се поизразено бараат властите да најдат ново и соодветно место каде би се третирал и рециклирал сметот без последици по животната средина.

„Основното наше барање е дислокација на Русино, бидејќи Русино е презатрпано со отпад, нема никакви стандарди. Исцедок има постојано во почвата, во подземните води, цело поле гостиварско е загадено, воздухот е загаден, реков, почвата, подземните води и едноставно гостиварчани се трујат“, објаснува Валентина Штерјовска.

Потребна е подобра кампања за користа од регионалните депонии

Деветте полошки општини веќе подолг период се обидуваат да создадат заедничко комунално претпријатие за да собира и менаџира со отпадот. Тоа тешко оди, а дополнителна пречка сега ќе бидат и изборите во јули кога нема да може да се прават одредени активности како јавни огласи и набавки.

„Поради ситуацијата со коронавирусот целата постапка беше во прекин. Сега се наоѓаме во фаза на усвојување на конституирање на управниот одбор на заедничкото јавно претпријатие кое што се уште оди со доста потешкотии поради тоа што дел од општинските совети се уште не можат да се состанат за да ја усвојат одлуката за номинација на членови на управниот одбор. Откако ќе се конституира управниот одбортреба да се избере и директор преку јавен оглас. Откако ќе се завршат тие постапки јавното претпријатие практично ќе раководи со управувањето со цврст отпад во полошкиот плански регион“, изјави Славко Костоски, одговорно лице во Единицата за управување со проектот.

XS
SM
MD
LG