Достапни линкови

Десетици приведени на протестите во Будва и Подгорица


Црногорската полиција со солзавец ги разби протестите во Подгорица и Будва

Црногорската полиција привела десетици демонстранти по синоќешните просрпски протести во Подгорица и во неколку града во државата. Протестите беа организирани од опозициски сили кои бараат поблиски односи со Србија и Русија.

Синоќешните протести беа рефлексија на политичките тензии во Црна Гора во пресрет на парламентарните избори кои се закажани на 30 август.

Инциденти во Никшиќ и Подгорица

Полицијата во Будва употребила солзавец за да ги разбие протестите и при тоа привела 17 демонстранти. Во Подгорица биле приведени 18 демонстранти, соопшти полицијата. Властите соопштија дека десетици демонстрантибиле приведени во други градови каде што се одвивале протести.

Тензиите во Будва стартува на 17 јуни кога градоначалникот Марко Царевиќ кој е лојален на просрпската опозиција одби да ја предаде власта на владејачката коалиција.

XS
SM
MD
LG