Достапни линкови

Вархеји:Корупцијата главен проблем во Западен Балкан


Европската Унија е сериозно посветена на европската перспектива на Западен Балкан и тоа еден од нејзините главни приоритети што има за цел да ги исполни. Од друга страна, за напредокот на земјите кон членство во ЕУ е неопходно владите од регионот да продолжат да ги имплементираат суштинските реформи. Регионот треба да работи повеќе да ја зголеми довербата на граѓаните во институциите. Ова денеска го изјави еврокомесарот за проширување и соседска политика Оливер Вархеји на презентацијата на Балканскиот барометар што се одржува он лајн во организација на Регионалниот совет за соработка.

Вархеји истакна дека во наредните денови Европската комисија ќе ја претстави Нацрт преговарачката рамка за Северна Македонија и Албанија во Советот на ЕУ, заедно со ажурираниот извештај за напредокот на овие две земји.

„Корупцијата е рангирана како еден од најголемите проблеми во регионот, што го покажува и самиот Балкан барометар, 71 отсто од граѓаните сметаат дека нивните влади не се борат успешно против корупцијата, во споредба со 61 процент во 2018 година“ изјави Вархеји.

Еврокомесарот рече дека ова истражување покажува детален преглед како граѓаните на Западен Балкан ги перцепираат политиките на владите во регионот, како и на самата ЕУ.

XS
SM
MD
LG