Достапни линкови

Хашкото обвинителство го гони косовскиот претседател Тачи за воени злосторства


Специјалното јавно обвинителство во Хаг поднесе предлог обвинение со 10 точки против косовскиот претседател Хашим Тачи, и други меѓу кои и Кадри Весели, поранешен претседател на Собранието на Косово и лидер на Демократска партија.за „низа злосторства против човештвото и воените злосторства“ наводно извршени за време на или по косовскиот конфликт во период од 1998-99 година.

Во соопштението до Хашкото обвинителство е наведено дека осомничените се гонат за одговорност за речиси стотина убиства како и за „присилно исчезнување на луѓе, прогони и тортури“.

Во него е наведно дека „наводните злосторства вклучувале стотина познати жртви на косовски Албанци, Срби, Роми и други етнички групи како и политички противници“.

XS
SM
MD
LG