Достапни линкови

Дрисла со нов стерилизатор за третман на медицински отпад


Депонијата Дрисла во близина на Скопје

Град Скопје соопшти дека депонијата Дрисла набавила нов стерилизатор за третман на медицински отпад од познатата италијанска марка ЦИСА. Според соопштението, станува збор за иновативен систем целосно автоматизиран со висока технологија и квалитет.

„Со набавката на стерилизаторот се става крај на неодговорното и несовесно постапување со медицински отпад, односно несоодветната обработка на медицинскиот отпад, којшто потоа завршуваше на Дрисла како обичен отпад, што претставуваше потенцијална опасност за животната средина и за здравјето на луѓето“, соопшти Град Скопје.

Новиот стерилизатор, според соопштението, е со капацитет од 2.000 литри и може за еден час да третира 350 килограми отпад што ќе ги задоволува дневните потреби на депонијата.


XS
SM
MD
LG