Достапни линкови

Кина се закани со одговор по новите мерки на САД за медиуми од земјата


Портпаролот на Стејт Департментот, Морган Ортагус

Кина се закани дека ќе преземе „соодветен одговор“ откако САД најавија дека уште четири кинески медиумски организации ќе бидат заведени како странски мисии.

„Ние силно ги повикуваме САД да го отфрлат овој начин на размислување и идеолошката пристрасност од Студената војна. Инаку Кина нема да има друг избор освен да преземе соодветен одговор“, рече портпаролот на кинеското министерството за надворешни работи Жао Лијан.

Стејт департментот и во февруари заведе како странски мисии уште пет кинески медиуми.

„Сите девет медиуми се ефективно контролирани од Владата на Народната република на Кина“, изјави портпаролот на Стејт Департментот, Морган Ортагус.

Медиумите ќе бидат обврзани да јавуваат детали за нивниот персонал во САД и трансакциите со недвижнини до Стејт департментот.

„Овие четири субјекти не се медиуми, тие се пропагандни медиуми“, изјави помошникот државен секретар за источна Азија и Пацифик, Дејвид Стилвел.

Американскиот државен секретар Мајк Помпео изјави дека ја смета Кина за „непријателски“ играч и рече дека е „многу искрен“ во изразувањето загриженост до Пекинг за реакцијата на пандемијата на коронавирус и неговиот предлог закон за безбедност во Хонг Конг.

XS
SM
MD
LG