Достапни линкови

Проширена забраната за влез на работници во САД


Американскиот претседател Доналд Трамп

Американскиот претседател Доналд Трамп потпиша извршна наредба за забрана за влез на одредени странски работници, вклучително и на оние вработени во технолошката индустрија, бидејќи Соединетите држави се справуваат со масовна невработеност предизвикана од пандемијата на коронавирус. Извршната наредба ќе трае до крајот на годината и се очекува да влијае врз околу 525.000 странски работници. „Во имиграцискиот систем на нашата нација, мора да останеме свесни за влијанието на странските работници врз пазарот на трудот во Соединетите држави, особено во сегашното вонредно опкружување на голема домашна невработеност и намалена побарувачка за работна сила“, напиша Трамп во својот претседателски проглас.

Трамп ја потпиша новата забрана за имиграција

Наредбата всушност есе проширување на претходното ограничување за странските работници воведени во април кога невработеноста се зголеми како резултат на рестрикциите на коронавирусот.

Препорачано

XS
SM
MD
LG